Винисиус застана во одбрана на фудбалерите на Барселона

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, без двоумење им даде целосна поддршка на играчите на Барселона, Ламин Јамал, Ансу Фати и Рафиња, кои беа цел на расистички напади за време на Ел Класико кое во саботата се играше на „Сантијаго Бернабеу“.

Барселона победи со 4:0, а навивачите на Реал не можеа спортски да го примат овој пораз, па од трибините можеше да се слушнат расистички навреди кон црномурните фудбалери на каталонскиот гигант. Винисиус и самиот често е цел на расистички навреди и затоа сега се огласи со реакција поради инцидентот што го направија навивачите на неговиот клуб.

„Жално е тоа што се случи на ‘Бернабеу’ со расистичките навреди. За таквите луѓе нема место во нашето општество. Ја давам целосната поддршка за Ламин, Ансу и Рафиња. Знам дека полицијата во Мадрид ќе реагира, ќе ги идентификува виновниците и ќе ги казни“, порача Винисиус преку својот инстаграм-профил.

- Оглас -

Најнови вести