Конечно и тоа се случи: Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед

Ерик тен Хаг повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед. Стратегот доби отказ по вчерашниот пораз од 2:1 на гостувањето кај Вест хем, во деветото коло на Премиер лигата.

Манчестер јунајтед моментално е на 14 место во англиското пренство, а во Лигата на Европа во три средби нема ниту една победа. За моментален наследник на Тен Хаг е назначен неговиот помошник Руд ван Нистелрој.

Тен Хаг седна на клупата на најтрофејниот англиски тим во 2022 година и 128 меча беше предводник. Неговиот биланс е 78 победи, 20 нерешени и 36 порази со вкупна гол-разлика од 234 дадени и 180 примени гола. со него на чело, Манчестер јунајтед освои два трофеи и тоа Лига купот пред две сезони и ФА Купот од ланската сезона.

- Оглас -

Најнови вести