Џејми Карагер го откри името на новото засилување за Реал: Големата ѕвезда ќе потпише уште во јануари

Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул, треба да биде нов фудбалер на Реал Мадрид и тоа уште во јануарскиот преоден рок. Ова во телевизиско гостување го откри легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер.

Тој вели дека трансферот е завршена работа со оглед на тоа дека пред фудбалерот се две опции: да го продолжи договорот или да потпише за Реал Мадрид, а тој ќе го одбере токму ова второто.

Договорот на репрезентативецот на Англија со Ливерпул завршува следното лето, а Црвените сигурно дека ќе сакаат да заработат на неговиот трансфер. Моменталната вредност му е 70 милиони евра, па прашање е дали Реал Мадрид ќе одлучи да ја плати оваа или слична сума или ќе чека налето да го доведе како слободен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести