И Халанд ја бојкотира церемонијата на Златната топка, во Шведска е и гледа дерби (Фото)

Ерлинг Халанд, кој лани заврши на второ место во гласањето за Златната топка зад Лионел Меси, годинава реши наместо да присуствува на церемонијата во Париз, да замине во Малме и да го гледа дербито на шведската лига помеѓу Малме и Гетеборг.

Според фотографијата која сам ја објави на „Инстаграм“, а и некои од трибините на стадионот во Малме, се гледа дека Халанд е навивач на светлосините од Малме кои имаат иста боја на дресови како Манчестер сити.

Халанд во 2023 освои речиси сè со Манчестер сити, беше и „Златна копачка“ откако постигна огромен број голови во Премиер лигата, но и тоа не беше доволно да ја земе Златната топка, која изненадувачки му припадна на Лионел Меси од Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести