Марио Балотели потпиша договор со Џенова, а договорот важи само до крајот на сезонава.
Некогашниот голем талент на италијанскиот фудбал, а сега веќе ветеран, призна дека му било сон да се врати во Серија А и затоа одбил некои финансиски богати понуди. Платата до јуни ќе му биде околу 400.000 евра со вклучени бонуси. И во Џенова ќе го носи неговиот омилен број 45 на дресот.
Балотели во кариерата играше за гиганти како Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Марсеј, а пред да дојде во Џенова, играше за турскиот тим Адана Демирспор. Во Серија А се враќа по пет сезони, откако во 2019/2020 го носеше дресот на Бреша.