3003 Милан – Наполи (20:45 ч.)
Наполи игра одлично и е лидер на табелата со 22 бода од првите девет кола. Тимот од југот на Италија има осум победи и едно реми во последните девет меча во сите натпреварувања.
Милан игра со осцилации и веќе заостанува осум бода, но Росонерите имаат три победи и две ремија во последните пет пресметки со Наполи. Кога игра на „Сан Сиро“, Милан секогаш атакува на победа, па и сега сигурно ќе биде така.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.14)
3011 Бреша – Специја (20:30 ч.)
Дуел од Серија Б во Италија, а Специја е единствениот тим без пораз (пет победи и пет нерешени). Само со седум примени гола, Специја ја има најдобрата одбрана. Бреша игра многу променливо, а интересно е дека на последните две пресметки на овие ривали немало ниту еден гол.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.12)
2837 Волфсбург – Борусија Д. (20:45 ч.)
Уште во 16-финалето на Купот на Германија, ждрепката сакаше да има бундеслигашка пресметка. Волфсбург во осум кола во Бундеслигата има само осум бода, а во просек дава, но и прима по два погодоци, што значи дека игра многу отворено и без калкулации.
И Борусија Дортмунд е екипа која игра напаѓачки, па тука може да се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.80)
1025 Стокпорт – Ридинг (20:45 ч.)
Стокпорт е на 12-тото место во Чемпионшип, но факт е дека овој тим ретко губи и има само два порази во досегашните 12 средби. Ридинг има дури четири порази, но е и со четири бода повеќе од денешниот ривал.
Овие две екипи првпат играат меѓусебе во последните 26 години и може да се очекува неизвесен дуел, но може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)
1712 Амиен – Париз (20:30 ч.)
Ова се единствените две екипи кои ниту еднаш сезонава немаат одиграно нерешено во втората лига во Франција. Париз е лидер со осум победи и два порази од 10 средби, а Амиен има шест триумфи и четири неуспеси.
Во последните четири години овие ривали играле осумпати и Париз доминира со шест победи и две нерешени.
Предлог тип: Х2&1-3 (1.99)