Во 21 век само еден играч добил Златна топка во година кога освоил ЕП, Родри ќе биде вториот

Доколку вечерва Родри ја добие Златната топка за најдобар фудбалер, а сите најави се дека ќе се случи тоа, тој ќе биде само вториот во 21 век кој го добил ова индивидуално признание во година во која освоил Европско првенство.

Токму титулата на ЕП можеби е и клучниот плус за Шпанецот што добил толку многу гласови, повеќе и од Винисиус, кој беше најдобар во Лигата на шампионите, а во минатото континенталната титула не се ценеше толку многу.

Кристијано Роналдо во 2016 година е единствениот во 21 век, барем до вечерва, кој добил Златна топка во година во која станал европски првак со својата репрезентација. Во таа 2016, Роналдо ја освои и Лигата на шампионите, па убедливо ја освои Златната топка. Во 2000, 2004, 2008, 2012 и 2021 година, кога имаше европски првенства, Златната топка одеше кај фудбалер кој таа година не освоил ЕП.

- Оглас -

Најнови вести