Шпанецот Родри стигна до првата Златна топка во кариерата, во еден од најинтересните избори во последните неколку години. Родри е победник пред Винисиус јуниор.
Ова беше прв избор по повеќе од 20 години на кој во првите 30 ги немаше ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. Меси е рекордер со осум Златни топки, а аргентинскиот виртуоз имаше своја реакција по завршување на гала-свеченоста.
„Честитки за сите победници, но и за сите номинирани кои беа дел од Златната топка 2024. Посебно честитки за Дибу, уште една голема награда за најдобар голман во светот. Честитки и за Лаутаро, Скалони и Гарначо“, беше пораката на Меси, кој посебно си ги поздрави своите сонародници од Аргентина.