Тејлор Хендрикс, кошаркарот на Јута џез, заработи тешка повреда на гостувањето кај Далас маверикс. Се играше третата четвртина кога Хендрикс трчаше во напад, но наеднаш, иако не беше во контакт со никого, ногата едноставно му се превитка и му се скрши.
Хендрикс беше изненсен на носилки, а лекарите подоцна констатирале дека има скршеница на фибулата на десната нога, но и дислокација на зглобот. Младиот 21-годишен кошаркар на Јута беше избран на ланскиот драфт и ја игра својата втора НБА-сезона. Во дебитантската сезона имаше просек од 7,3 поени и 4,6 скока за 21 минута во просек на 40 средби на кои настапи.
Јута загуби на гостувањето кај Далас, а за извештаите на мечевите кои се одиграа ноќеска во НБА-лигата може да прочитате ТУКА.