Шпанскиот весник „Релевао“ пренесува информација дека Винисуис во пресрет на доделувањето на Златната топка организирал приватна забава која траела до рано наутро бидејќи бил сигурен дека наградата ќе ја добие токму тој.
На забавата дури и им ветил часовници „ролекс“ на своите соиграчи, но на крајот следувал вистински шок бидејќи дознал дека нема да ја добие Златната топка. Следувало големо разочарување, а на крајот комплетната делегација на Реал Мадрид ја бојкотираше манифестацијата иако го добија признанието за најдобар клуб, Карло Анчелоти стана најдобар тренер, а Килијан Мбапе најдобар стрелец.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1851160686870577414?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1851160686870577414%7Ctwgr%5E4d1579060e196a91b8da5e90d1bee59e3b8afc65%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fvinicius-slavio-do-zore-obecao-rolexe-saigracima-pa-dozivio-sok-u-realu-pronasli-glavnog-krivca-za-sve%2F241029051
Со оглед на тоа дека во годинешната организација учествуваше и УЕФА, од Реал Мадрид обвинуваат дека ова е одмазда за Суперлигата.