Ракометарите на Алкалоид откако успешно ја минаа првата пречка во Европскиот куп, попладнево го дознаа и ривалот за 1/16-финалето од третото по ранг ракометно натпреварување во Европа. Пречка за пласман помеѓу најдобрите 16 екипи ќе им биде австрискиот претставник Вест Виен.
Екипата предводена од Кирил Лазаров може да биде задоволна од ждрепката бидејќи нивниот следен противник во моментов е на претпоследното место во првенството на Австрија само со една победа по седум кола, па од актуелниот освојувач на Купот на Македонија може да очекуваме пласман во осминафиналето.
Алкалоид на првиот меч на 23 или 24 ноември ќе биде домаќин, додека на реваншот ќе гостува во Австрија на 30 ноември или први декември.