Баер Леверкузен и Лајпциг сигурни во Купот, Елмас доби шанса во финишот

Бранителот на трофејот, Баер Леверкузен, се пласира во осминафиналето на Купот на Германија откако на домашен терен го совлада Елверсберг со 3-0. Патрик Шик во првите десет минути двапати ја погоди мрежата на гостите, а Алеиш Гарсија во 36-тата минута постигна и трет гол.

Лајпциг со 4-2 го победи Сент Паули. Елиф Елмас доби шанса во последните дваесетина минути, а Јусеф Полсен беше двоен стрелец. За Лајпциг голови постигнаа и Баумгартнер и Нуса. Токму за голот на Нуса асистент беше Елиф Елмас.

Аугсбург го совлада Шалке со 3-0, а Карлсруе славеше со 0-2 на гости против Офенбах.

- Оглас -

Најнови вести