Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се претвори во трагичар на својот тим Ал-Наср откако во судиското продолжение од мечот не успеа да реализира пенал и да го спаси тимот од елиминација во Кралскиот куп. Роналдо ја испрати топката над гредата, а Ал-Наср загуби на домашен терен од Ал-Тавон со 0-1.
You know Ronaldo is finished when he can't even score a penaltypic.twitter.com/4i1D9y3Pa9
— Troll Football (@TrollFootball) October 29, 2024
Ова беше натпревар од 1/16-финалето на Кралскиот куп, значајно натпреварување во Саудиска Арабија, а Ал-Наср важеше за голем фаворит пред почетокот на дуелот.
Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Флавио во 71-вата минута од натпреварот.