Наполи ја оствари петтата последовна победа, вкупно осма во Серија А оваа сезона откако го совлада Милан на „Сан Сиро“ со 0-2. Сега тимот на Антонио Конте има 25 бода и значително им побегна на конкурентите на врвот на табелата во италијанскиот шампионат.
Romelu Lukaku 🤫💜#VamosAnderlecht🟣⚪️ pic.twitter.com/2UFKSOT8BL
— RSC Anderlecht España 🇪🇸 (@AnderlechtES) October 29, 2024
Ромелу Лукаку во петтата минута го замолкна Милано и погоди за водство на Наполитанците, а пред крајот на првиот дел Хвича Кварацхелија зголеми на 0-2.
Kvaratskhelia double's the lead for Napoli minutes before the interval 🔥🔥🔥#SerieA #Napoli #Kvaratskhelia pic.twitter.com/yTu3vNgZg3
— STARZPLAY (@STARZPlayArabia) October 29, 2024
Тимот на Пауло Фонсека немаше одговор во второто полувреме иако Алваро Мората постигна погодок, но не беше признат поради офсајд-позиција.
Милан по овој пораз се наоѓа на осмата позиција само со 14 бода.