Новинарот кој не му даде ниту бод на Винисиус: „Некомплетен играч кој не знае што е тоа ферплеј“ (Видео)

Златната топка крена голема прашина во светската фудбалска јавност и тоа, пред сè, поради одлуката на Реал Мадрид да ја бојкотира манифестацијата откако дознале дека Винисиус нема да биде освојувач.

Во гласањето учествуваат по еден новинар од секоја земја членка на ФИФА, а претставникот на Салвадор, Бруно Порцио, кој инаку е Аргентинец, на Винисиус не му даде ниту еден бод, односно воопшто не го стави на списокот од 10 најдобри фудбалери.

„Винисиус е играч кој не е пример за ферплеј однесување кон противниците. Освен тоа, едностран е, не е доволно вклучен во играта на екипата. Дури и ако имаше добри моменти, како голот во финалето на Лигата на шампионите, мислам дека не е доволно развиен играч кој може да ја освои Златната топка. Едноставно, тој не е играч кој ме импресионира, некомплетен фудбалер кој не е меѓу најдобрите 10 во Европа“, вели Порцио.

Аргентинецот беше запрашан дали е „хејтер“ на Реал Мадрид, па затоа не му дал ниту бод на Винисиус.

„Тоа е бесмислено. Па играчите на Реал ми се на прво (Белингам) и на трето (Крос) место. Родри ми е дури седми во изборот. Зошто? Не отиде предалеку во Лигата на шампионите, а Шпанија го освои Европското првенство на нечесен начин, со недосуден пенал за Германија во полуфиналето“, додава аргентинскиот новинар.

- Оглас -

Најнови вести