Тен Хаг барал четири големи ѕвезди да дојдат во Манчестер јунајтед, но од клубот мy рекле дека тоа е нереално

Холандскиот менаџер Ерик тен Хаг доби отказ на клупата на Манчестер јунајтед поради серија слаби резултати кои ги оставија Црвените ѓаволи на 14-тото место во Премиер лигата.

Тен Хаг беше на „Олд Трафорд“ од април 2022 година и со тимот освои ФА куп и Лига куп, но настапите во Премиер лигата и во Лигата на шампионите беа разочарувачки. Во неговата ера клубот потроши околу 730 милиони евра за засилувања, доведувајќи 21 нов играч, меѓу кои и поранешните играчи на Ајакс како Лисандро Мартинес, Матајс де Лихт, Андре Онана, Нусер Мазрауи и Ентони.

Според „ЕСПН“, Тен Хаг бил фрустриран од тоа што управата не му ги исполнила желбите и му носела играчи кои биле втора или трета опција. Меѓу играчите што ги посакувал на „Олд Трафорд“ биле Френки де Јонг, Алексис Мекалистер, Федерико Валверде и Хари Кејн, но никој од нив не пристигнал во клубот.


Макалистер и Кејн на крајот заминаа во Ливерпул и во Баерн Минхен, додека Де Јонг и Валверде останаа во своите клубови, Барселона и Реал Мадрид.

Не е јасно дали овие трансфери не се реализирани поради финансиски причини или пак играчите не сакале да дојдат во Манчестер јунајтед.

Тен Хаг не успеа да го засили тимот со четворицата играчи кои ги посакуваше, поради што неколку месеци подоцна ја напушти клупата на Манчестер јунајтед. Него треба да го наследи Рубен Аморим, досегашниот тренер на Спортинг Лисабон, за кого клубот ќе плати откупна клаузула од десет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести