Прославениот Бразилец повторно е на дното: Пијаниот Адријано „главен“ е во фавелите (Видео)

Адријано, кој некогаш беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, очигледно не е во најдобра ситуација. Популарниот Император кој и додека играше, велеше дека најубаво се чувствува во бразилските фавели повторно беше забележан како пијан скита по улиците, пијан со цигара во рака.

Адријано е роден во фавела во Рио де Жанеиро, во еден од најсиромашните квартови, каде што владее криминал. Тој е еден од ретките кој како дете успеа играјќи фудбал да стигне до светска слава, но очигледно дека тоа кратко траеше затоа што Адријано повторно е во фавела.

Адријано беше дел од прославената бразилската генерација во која беа Роналдо, Роналдињо, Кака, Кафу, Роберто Карлос, Ривалдо… Одигра вкупно 48 меча во бразилската репрезентација и постигна 27 гола.

На клупско ниво, најголема трага остави додека играше за Интер во периодот од 2004 до 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести