Капитенот на бразилската репрезентација Нејмар неодамна се врати на фудбалскиот терен, и тоа по пауза од една година помината во рехабилитација поради тешката повреда. Славниот Бразилец уште не покажал дека е во неговата некогашна форма, но се најде во фокусот на вниманието откако реши да купи земјиште за кое плати 24 милиони евра.
Местото во кое Нејмар планира да гради куќа е Бал Харбор во непосредна близина на Мајами бич на Флорида. Земјиштето има поглед кон океанот и се наоѓа во најлуксузниот дел од Флорида.
💸🇺🇸 Neymar se gasta 24 millones de euros en Miamihttps://t.co/8heuGnb4xC
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) October 30, 2024
Бразилецот бил воодушевен од местото бидејќи има приватност и сигурност на затворена населба. Со овој потег и купувањето на земјиште во Мајами се зголемија шпекуациите дека Нејмар планира да потпише договор со Интер Мајами и повторно да се состави напаѓачкото трио со Лионел Меси и Луис Суарес. Во Интер Мајами се и Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Актуелниот договор на Нејмар со Ал-Хилал истекува на крајот од оваа сезона.
🚨 NEYMAR compra CASA en MIAMI para jugar con MESSI en la MLS 🤩 INTER MIAMI tiene un nuevo lesionado💥
video: https://t.co/T4vbeikLlP pic.twitter.com/8TfR2wR0wD
— Sebas Crackbol (@Crackbol10) October 30, 2024