Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинес синоќа стана најдобар странски стрелец во историјата на Интер од Милано, а по мечот со Емполи призна дека очекувал повеќе од Златната топка за 2024 година, каде што го освои седмото место во рангирањето.
„Овие награди понекогаш се неправедни“, започна Лаутаро.
„Искрено, очекував повеќе, но работам за доброто и на Интер и на репрезентацијата на Аргентина. Ја започнав претсезоната подоцна по долгата сезона. Не се одморав многу летоска и нормално е да бидам заморен“, рече Аргентинецот.