Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, по хаотичните ремија со Интер и Парма, кажа дека неговиот тим треба да го подобри балансот и да игра поагресивно ако сака да бележи резултати како на почетокот на сезонава.
Бјанконерите примија само еден гол во првите осум кола во Серија А, а сега примија дури 6 гола на два меча.
„Многу ѝ дозволивме на Парма. Создадовме и многу шанси, но мора да се обидеме да избегнеме да им даваме на ривалите толку многу можности за гол од контранапади. Мора да го ставаме противникот под постојан притисок и да бидеме поагресивни“, рече Мота.
Јувентус сè уште е непоразен во Серија А, но сега има седум бода заостанување зад лидерот Наполи, што е сериозна негатива во трката за Скудетото. На свој терен, Јуве сезонава има само две победи и тоа е еден од проблемите.