Голманот на холандски Росмален, Ралф Вос, синоќа во 32-финалето на холандскиот фудбалски Куп постигна гол каков што ретко се гледа.
Во 93-тата минута на гостувањето кај Емдајк, при водство на домашните од 2-0, Росмален беше во напад, а Вос отиде напред да помогне и даде спектакуларен погодок, со кој само го ублажи поразот на својата екипа.
Реткост е голман да постигне гол, но она што овој гол го прави посебен е начинот на кој Рос jа затресе противничката мрежа. Тој ја закачи топката со волеј, и тоа додека беше легнат на тревата.