Проклетството на Роналдо во Саудиска Арабија нема крај

Кристијано Роналдо го шокираше фудбалскиот свет кога на крајот од 2022 година потврди дека ќе направи трансфер во Ал-Наср во Саудиска Арабија. Малкумина знаеја за клубот кој на Роналдо му понуди 500 милиони долари за две сезони, нешто што Португалецот не можеше да го одбие.

Со доаѓањето на Роналдо во Ал-Наср, очекувањата беа овој клуб да доминира во Саудиска Арабија, но и на меѓународна сцена. Сепак, не е така. За една и пол сезона помината во клубот, Роналдо со Ал-Наср играше во пет различни натпреварувања и засега не освои ниту еден трофеј.

Роналдо и Ал-Наср беа неуспешни во домашното првенство, а не успеаjа да освојат трофеј ниту во Кралскиот куп на Саудиска Арабија, Супер купот на С. Арабија, Азиската Лига на шампиони и Ријад купот.

Последниот неуспех Ал-Наср го имаше на дуелот во осминафиналето од Купот на С. Арабија, кога со 0:1 загуби од Ал-Тавун. На овој меч Роналдо имаше шанса за гол од пенал во 90+6 минута и да донесе продолжување, но суперѕвездата шутираше високо над голот.

„Веќе има загубено девет титули во Саудиска Арабија. Проклетството продолжува. Ова беше девето разочарување за Роналдо откако во јаннуари 2023 година дојде во Саудиска Арабија“, пишува шпанскиот „Ас“ за неуспесите на Роналдо.

Португалецот откако е дојден во Ал-Наср, има одиграно 76 мечеви, во кои постигнал 67 голови, а има и 18 асистенции. Единствениот трофеј што го освои е Арапскиот клупски шампионат, но тоа натпреварување не е признато од ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести