Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот сајт даде информација дека во текот на денешниот ден е пристигнат допис до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со кој дел од членовите бараат закажување на итна седница на УО на ФФМ: Согласно статутот, претседателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето.
„Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница.
Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно.
Јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.