Четири меча во НБА-лигата се играат ноќеска, а според коефициентите во Sport Life, може да се очекуваат по две победи на домаќините и две на гостинските екипи.
Милвоки очајно ја започна сезоната и има три порази од четири дуели, но сега е во улога на фаворит на гостувањето кај Мемфис. Интересно е дека Мемфис има седум победи во последните осум дуели против Милвоки, сега игра на домашен терен, но не е фаворит.
Далас предводен од Лука Дончиќ не треба да има проблеми против Хјустон, ривал кој го победи шестпати во последните седум меѓусебни пресметки. Дербито се очекува да биде на мечот Јута џез – Сан Антонио спарс, а интересно ќе биде во Лос Анџелес, каде што Клиперс е домаќин на Феникс санс.
Повеќе од 30-мина играчи има во понудата за „плус-минус“ поени, а тука се ѕвезди од калибарот на Адетокумбо, Лилард, Дончиќ, Ирвинг, Томпсон, Харден, Дурант…