Тренерот на Рома доби уште две шанси да си ја спаси работата

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ преживува тешки моменти на клупата на Рома. Иако клубот го презеде на 18 септември, во Италија веќе со недели се пишува дека би можел експресно да добие отказ.


Ситуацијата стана особено алармантна по тешкиот пораз од Фиорентина (5-1) изминатиот викенд, но „Кориере дела сера“ открива дека на Јуриќ му е понудена шанса да си ја спаси работата.

Клучни ќе бидат следните два натпревари. Рома прво вечерва го пречекува Торино, поранешниот клуб на Јуриќ, во 10-тото коло на Серија А, а во недела, во 11-тото коло, гостува кај Верона. Ако постигне добри резултати во тие натпревари, Јуриќ ќе си купи уште време на клупата.

Иван Јуриќ го наследи Даниеле де Роси на тренерската позиција во Рома.

- Оглас -

Најнови вести