Поради „својот“ Ливерпул, Џерард може да остане без работата каде што заработува 18 милиони евра

Некогашниот англиски репрезентативец Стивен Џерард е пред добивање отказ во тимот на Ал-Етифак во Саудиска Арабија. Минатата сезона Џерард беше промовиран во нов тренер на Ал-Етифак, но тимот не ги бележи посакуваните резултати.

Последен неуспех е елиминацијата од Купот на Саудиска Арабија, откако Ал-Етифак загуби со 3:1 од второлигашот Ал-Јабалаина. Покрај лошите резултати, против Џерард оди и фактот дека тој признал дека распоредот за тренинзите на екипата ги темпирал така што да може да ги гледа натпреварите на Ливерпул, кој е негов матичен клуб.

„Џон Ачтерберг, кој е тренер на голманите, заедно со мене го правиме распоредот во однос на натпреварите на Ливерпул, па се случува да тренираме и во 9 или 10 часот навечер“, си призна Џерард.

Се чини дека тој распоред на тренинзи не функционира затоа што тимот на Џерард нема победа веќе шест недели и е на пет позиции од зоната за испаѓање. Џерард годишно заработува 18 милиони евра за тренерската работа во клуот од Саудиска Арабија, а сега покрај слабите резултати, отказ може да добие и поради темпирањето на тренинзите да не бидат во време кога игра „неговиот“ Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести