Пелистер по пауза од 19 години победи во ракометната Лига на шампиони!

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, конечно ја забележа првата победа во ракометната Лига на шампионите оваа сезона, но и победа која е прва по пауза од цели 19 години. Еурофарм Пелистер последната победа во Лигата на шампионите ја имаше забележано на осми октомври 2005 година, кога во Битола го совладаа Кадетен Шафхаузен со 30-27.

Битолчани вечерва го надиграа вицешампионот на Данска, Фредериција, со 23-25 на гостински терен. Еден од најзаслужните беше голманот Никола Митревски, кој имаше 15 одбрани.

Сепак, првото полувреме не навестуваше ваква разврска. Освен почетното водство од 0-1, во текот на сите 30 минути домашните беа тие кои диктираа темпо и имаа резултатската предност, а на паузата заминаа со водство од 12-9. Во второто полувреме на паркетот како да излегоа сосема други екипи, па Еурофарм Пелистер беше доминантен и сосема заслужено победи.

Битолчани сега се искачија на третата позиција на табелата во групата „А“, место кое носи пласман во следната рунда од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести