Доделувањето на Златната топка се уште е главна тема во светските медиуми. Бојкотот на Реал Мадрид, откако дознаа дека Винисиус нема да биде освојувачот на наградата, е непочитување за Матс Хумелс, кој беше номиниран, но на крајот заврши на делба на последното место.
„Покажаа недостиг на почит откако не победија во изборот, тоа ми личи на Трамп. Тоа е лоша работа и непочитување кон другите. Нема сомнеж дека Реал има фудбалери кои ја заслужуваат наградата, но има и други извонредни фудбалери кои се на исто ниво.“ – вели фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс.