Тренерот кој дојде на местото од легендарниот Андреас Исаксон типува во хуманитарни цели (Фото)

Како вистинска бомба пред две години одекна информацијата дека македонски тренер на голмани ќе го замени легендарниот Андреас Исаксон во стручниот штаб на женската екипа на Ѓургарден. Александар Пишовски, долгогодишен голман на повеќе македонски екипи, но и тренер на голмани, одлучи својата кариера да ја продолжи во Шведска, па преку младинските категории дојде до местото на легендарниот голман на Шведска со 133 настапи за репрезентацијата.

Со својата посветеност кон работата ги освои ладните швеѓани, кои го му дадоа прекарот „балкан скула“, односно „балканска школа“, пред сè поради своите методи на работа.

„Кога дојдов во Шведска, бев ангажиран како тренер на голманите во младинските категории на Ѓургарден. Работев со деца од 13 до 15-годишна возраст. Како што одминуваше времето, така и напредував во академијата на клубот. Продолжив со работа со сите голмани, а потоа се префрлив и во женската екипа, каде што на почетокот работев како тренер на голмани само во првата екипа, а сега сум задолжен за сите голмани во женска конкуренција. Условите за работа се фантастични, не треба воопшто да се трошат зборови за тоа. Менталитетот на Швеѓаните е тој што е, сакаат професионализам, но јас сум посебно горд на фактот дека во моментов имам три голманки кои се дел од репрезентацијата на Шведска. Едната од нив е комплетно мој производ бидејќи сум ѝ тренер од првиот ден кога започна да тренира фудбал“, вели Александар Пишовски.

Пишовски во Македонија го основа женскиот фудбалски клуб Љуботен, кој е вистински расадник за квалитетни голманки, а со ангажманот во младинската репрезентација нема голманка во Македонија која не ја тренирал.

„Веќе 10 години сум дел од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години. Еден собир бев дел и од сениорската репрезентацијата, која тогаш беше предводена од Ванчо Балевски, а оттогаш соработувам со селекторот на младинките, Астрит Мерко. Многу голманки од Тетово минаа низ сите репрезентации кои беа мој производ додека работев во Македонија, а низ овие години буквално не постои голманка во земјава која не сум ја тренирал во репрезентацијата. Имаме добри голманки, потребно е само работа и посветеност, резултатите ќе си дојдат сами по себе. Што се однесува конкретно до репрезентацијата до 19 години, мислам дека од сите селекции изминатите години ги имавме најголемите успеси. Успеавме да се пласираме во А квалификациите, месецов нè очекува турнир во Португалија, каде што освен домаќинот и ние, ќе играат уште и Франција и Словачка“, додава Пишовски.

Голманската традиција во семејството Пишовски ја продолжува и 17-годишниот син на Александар, Антонио, кој во моментов е дел од третолигашот Ханинге, но претходно мина низ академиите на шведските великани Ѓургарден, Бромапојкарна и Хамарби. За квалитетите говорат и признанијата кои Антонио Пишовски ги добива во Шведска.

„Антонио е квалитетен голман, ги мина најдобрите школи во Шведска и во моментов е на преминот од младински во сениорски фудбал. Настапува за младинците на третолигашот Хенинге, каде што го очекува и првиот сениорски настап. Со раководството на Ѓургарден проценивме дека најдобро за неговата кариера ќе биде да собере минутажа во Хенинге, а тоа зошто и да не се врати во првата екипата на Ѓургарден. Многупати е прогласувам за играч на натпреварот во младинските лиги, во тимот на колото, а беше прогласен и за најдобар голман во првенството на Шведска во младинските категории. Сепак, сè уште не е дел од младинските селекции на Македонија, иако беше на неколку селективни тренинзи на кампови организирани од Фудбалскиот сојуз на Шведска“, вели Александар Пишовски.

Во продолжение може да го погледнете тикетот кој го типуваше Пишовски, кој ако биде добитен, ќе биде дониран во хуманитарни цели.

- Оглас -

Најнови вести