Ќе има голови во Леверкузен и во Лисабон

1706 Монако – Анже (19.00 часот)
Монако два натпревари е без победа во Лига 1 и сигурно дека ќе тргне по трите бода на дуелот на домашен терен против Анже. Покрај триумфот на домаќинот, нашиот предлог е и дека на натпреварот ќе има од три до пет гола.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2.02)

1801 Баер Леверкузен – Штутгарт (20.30 часот)
Шампионот оваа сезона многу често прима голови, а вечерва го очекува дуел против Штутгарт. Тоа ќе биде жестока пресметка на која се очекуваат најмалку четири гола.
Предлог тип: 4+ (1.90)

1702 Лил – Лион (21.00 часот)
Лил и Лион имаат по три победи во последните четири кола од францускиот шампионат и ќе сакаат да продолжат во ист ритам и на вечерашната меѓусебна пресметка. Затоа се очекуваат голови, предлог е дека и во двете полувремиња ќе има од еден до три гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)

1301 Алавес – Мајорка (21.00 часот)
Натпревар на две екипи во сосема различно расположение. Алавес реди порази, додека Мајорка игра одлично во Ла Лига од стартот на сезоната. Но, едноставно домаќинот мора да ја прекине лошата серија. Предлогот е дека нема да загуби вечерва на домашен терен и дека тоа ќе биде меч со малку постигнати голови.
Предлог тип: 1X & 0-2 (1.85)

1536 Спортинг Лисабон – Естрела (21.15 часот)
Португалскиот првак се соочува со заминување на тренерот Рубен Аморим, кој се најавува како нов менаџер на Манчестер јунајтед. Ова треба да биде негова разделба со Спортинг, па сигурно дека ќе сака да замине со стил, со убедлив триумф и со многу голови во мрежата на послабиот противник.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.03)

- Оглас -

Најнови вести