Фудбалот во последните неколку години драстично се промени. Основните правила на играта се исти, но многу е зголемен бројот на одиграни мечеви во текот на една сезона. Заедницата на професионални фудбалери (ФИФПро) направи едно истражување во кое беа земени податоци за преку 1.500 фудбалери кои се дел од најсилните лиги во светот, при што е дојдено до неверојатен податок.
Од летото 2018 година до почетокот на оваа сезона, фудбалерите одиграле енормно голем број на натпревари, а прв на листата е Бернардо Силва. Португалскиот репрезентативец во дресот на Манчестер сити и националната селекција во периодот од летото 2018 година до сега има одиграно 392 натпревари, а уште 44 пати бил дел од протоколот на некој натпревар. Дури 63 отсто од одиграните мечеви Силва ги има одиграно без одмор подолг од пет денови.
Во овој период Силва постојано бил дел од елитни натпревари па со Сити играл мечеви од Премиер лигата, ФА и Лига купот на Англија и Лигата на шампиони, а со Португалија бил дел од Светски и Европски првенства, како и квалификации за истите, а има и средби во Лигата на нации.
Зад Силва, на листата на фудбалери кои одиграле најмногу средби од 2018 година до почетокот на новата сезона е Родри. Официјално најдобриот фудбалер во светот и освојувач на Златната топка има одиграно дури 379 натпревари во дресот на Сити и шпанската репрезентација, од кои 61 отсто со одмор кој е пократок од предвидениот меѓу две средби. Родри бил дел од записникот на 425 дуели.
На листата на фудбалери со најмногу натпревари одиграни во периодот од 2018 година до почетокот на оваа година во Топ 10 има дури шест играчи од Манчестер сити: Покрај Силва и Родри, тука се и Бруно Фернандес, Рубен Дијас, Жоргињо, Илкај Гундоган, Едерсон, Ријад Марез, Фил Фоден и Антонио Гризман.
View this post on Instagram