Петото коло од Прва кошаркарска лига на Македонија ќе започне вечерва, со дуелот кој ќе се игра во салата „Шабан Трстена“, каде што екипата на Чаир ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром. Двата тима имаат по три победи и еден пораз, но актуелниот шампион МЗТ е голем фаворит за победа, иако игра на гостински терен.
Овие два тима имаат одиграно само четири средби меѓу себе и на сите четири победувале аеродромци. Дури три победи се со над 30 поени разлика, а само еднаш било малку понеизвесно. Чаир во претходното коло доживеа дебакл од Работнички и загуби со 23 разлика, па тоа треба да е добар знак за актуелниот првак дека домаќинот е ранлив.
И според квотите во Sport Life, МЗТ Скопје Аеродром е голем фаворит, а интересно е дека границата за победа со „хендикеп“ е поставена на 11,5 поени.