Во поплавите во Шпанија загина и некогашниот играч на Валенсија, имаше само 28 години

Главна тема изминативе неколку дена во Шпанија се поплавите кои зафатија дел од земјата. Најлошо е во Валенсија, градот кој буквално беше под вода. Во поплавите загинаа повеќе од 150 луѓе, а меѓу настраданите е и некогашниот голем фудбалски талент, Хозе Кастилјехо.

Шпанскиот гигант Валенсија преку социјалните мрежи се прости од некогашниот нивен играч.

„Жалиме поради смртта на Хозе Кастилјехо, жртва на природната катастрофа. Тој ја помина целата фудбалска школа во Валенсија, а потоа играше за повеќе екипи во нашата локална заедница Валенсија“, стои во соопштението на Валенсија.

Кастилјехо, кој имаше 28 години, играше и за второлигашот Елденсе.

- Оглас -

Најнови вести