Реал Мадрид доживеа вистински дебакл на првото Ел Класико оваа сезона во Ла Лига и загуби со 0-4 од Барселона на домашен терен. Еден од клучните моменти беа офсајдите во кои беа уловени фудбалерите на „кралскиот“ клуб, а тоа се случи дури 12-пати. Најмногу од офсајдите беа на Килијан Мбапе, на кого му беше поништен и погодок во 30-тата минута, токму поради недозволена позиција.
„Жал ми е. Ме совлада желбата да постигнам погодок.“ – биле зборовите на францускиот репрезентативец упати кон претседателот на клубот, Флорентино Перес, после натпреварот.
„Кралскиот“ клуб во моментов е на втората позиција на табелата во Ла Лига со заостанување од шест бода позади најголемиот ривал, Барселона.