Оскар Пјастри и неговиот тимски колега од Мекларен, Ландо Норис, ќе стартуваат од првите две позиции на утрешната спринт трка на Интерлагос во Сао Пауло, за Големата награда на Бразил во Формула 1.
Вечерва Пјастри беше најбрз во квалификациите за спринтот и ќе тргне прв, пред Норис, и Шарл Леклер од Ферари. Макс Ферстапен е четврти.
Утре попладне прво се вози спринт трката, а неколку часа подоцна и квалификациите за неделната главна трка. Ферстапен е казнет со пет места поназад од позицијата која ќе ја освои во квалификациите, па ова е можеби шанса за Норис утре преку спринтот и потоа в недела на теката да ја намали негативата во генералниот пласман.