Иако ниту еден кошаркар на Париз баскет не постигна двоцифрен број на поени, сепак францускиот тим ја совлада Басконија со 67-65 и дојде до третата победа едноподруго во Евролигата.
Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс, имаше потпросечна вечер, и заврши со 9 поени, 5 асистенции и 4 скока за 27 минути на терен. Нашиот репрезентативец погоди само 4 од 18-те шута од поле, не погоди ниту една тројка, а пак ниту еден друг играч на Париз не даде повеќе поени од него.