Стефанос Циципас, Алекс де Минаур и Григор Димитров испаднаа во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, па ниту еден од нив нема да го претекне Новак Ѓоковиќ на АТП трката според поените освоени во 2024 година, Србинот останува шести и има речиси обезедено место на завршниот Мастерс во Торино на кој ќе учествуват осумте најдобри.
Ѓоковиќ реши да го прескокне турнирот во Париз и замина на одмор на Малдивите, а резултатите му одат во прилог. Испадна и Андреј Рубљов кој истотака имаше прилика да го претекне Ѓоковиќ на АТП трката.
Неизвесно е дали Ѓоковиќ ќе игра во Торино (турнирот почнува на 10-ти ноември) дури и ако добие право да се појави таму, но само луда теорија може да го спречи да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри.