Клубот Кинтанар дел Реј е единствениот во националните лиги во Шпанија кој сезонава уште нема примено гол, а заслугата за тоа е на голманот Лео Мендес, кој како младинец не беше голман, туку играше во поле.
Кинтанар дел Реј се натпреварува во Терсера дивизија РФЕФ, група 18, што е петта лига по ранг во Шпанија. После осум кола, гол-разликата им е 6-0, а на голот брилјира Мендес кој има и еден одбранет пенал сезонава.
Во националните лиги во Шпанија играат 497 екипи, а само Кинтанар нема примено гол.
Чуварот на мрежата Мендес има 23 години и 720 минути е без примен гол. Рекордот во Шпанија го држи Микел Пагола (1.342 минути без примен гол) кој бранеше за клубот Туделано во сезоната 2015-2016. На Мендес му треба уште на седум меча да не прими гол. Вети дека целосно ќе ја истрижи косата доколку стане шпански рекордер.