Раководството на Реал Мадрид не крие дека сака да го доведе тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, како наследник на Карло Анчелоти. Италијанецот по се изгледа на крајот од оваа сезона ќе замине во фудбалска пензија, а шпекулациите за Алонсо се појавија уште минатата сезона, кога направи историски успех со „фармацевтите“ и дојде до првата титула во Бундес лигата во историјата на клубот.
Сепак, шопингот во Баер нема да сопре само на тренерот. Реал Мадрид сака да го купи и Флоријан Вирц, одличниот офанзивен играч за врска кој блескаше минатата сезона, а неговата вредност во моментов се проценува на 130 милиони евра. Баер Леверкузен сака да го продолжи договорот со него, кој во моментов е со важност до 2027-мата, но нема да има ништо против да го продаде за 150 милиони евра на „кралевите“. Сепак, најголемиот проблем е да го убедат да си оди од Бундес лигата и да не потпишува за Баерн Минхен.