Рубен Аморим и официјално седна на клупата на Манчестер јунајтед како наследник на Ерик тен Хаг, а веќе ја имаше и првата средба со новинарите од Островот. Тој во Англија се пресели од Спортинг Лисабон, а навивачите на португалскиот клуб му се налутија затоа што ги напушти сред сезона.
„Единственото барање кое го имав за раководството на Манчестер јунајтед беше да го сочекаме крајот на сезоната, а потоа да дојдам, но мие рекоа дека тоа не е можно и дека ситуацијата е сега или никогаш. Едноставно не можев да ја одбијам понудата. Имав многу понуди претходните месеци, но клубот кој од отсекогаш сум сакал да го тренирам беше Манчестер јунајтед. Нема навивач на Спортинг кој сакаше повеќе од мене да останам во клубот, но едноставно тоа не беше можно.“ – рече Аморим.