1303 Жирона – Легањес (16:15)
Фудбалерите на Жирона со убедлива победа од 0-4 над Екстремедура во шпанскиот Куп се загреваа за мечот против Легањес во Ла Лига. На овој натпревар дебитански голови постигна и нашиот Бојан Миовски, а попладнево од него и соиграчите се очекуваат голови против Легањес. Минатата сезона мечот во Жирона заврши 3-0, а ваков резултат и денес ќе биде добитна комбинација со одлична квота.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (3.20)
1003 Ливерпул – Брајтон (16:00)
После само три дена откако играа во Лига купот, Ливерпул и Брајтон ќе се сретнат и во премиерлигашки меч. Во средата „црвените“ победија со 2-3 на гостински терен, но и денес се фаворити за бодови. Ливерпул нема пораз на последните 10 натпревари, на кои забележа девет победи и само едно реми во сите натпреварувања, додека Брајтон доаѓа на „Енфилд“ со пораз и реми на последните две средби.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.80)
3002 Удинезе – Јувентус (18:00)
Јувентус одигра две ефикасни реми средби против Парма (2-2) и Интер (4-4), со што избраниците на Тијаго Мота покажаа дека голгетерски се располозени, но слаба страна им е одбраната. Удинезе на последниот меч загуби од Венеција со 3-2, па единственото нешто што може да се очекува од овие две екипи попладнево е ефикасен фудбал со голови во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.95)
1807 Борусија Д. – Лајпциг (18:30)
Борусија Дортмунд го пречекува ко-лидерот на табелата во Бундес лигата, Лајпциг, во меч кој го има епитетот дерби на колото. Последните два натпревари помеѓу овие екипи беа исклучително ефикасни и со голови во двете мрежи, а и двете им припаднаа на фудбалерите на Лајпциг со 4-1 и 3-2. Серијата ефикасни натпревари со „гол-гол“ се очекува да продолжи и денес.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.74)
1703 ПСЖ – Ленс (17:00)
„Светците“ откако го презедоа врвот во француската Лига 1 немаат намера да го препуштат, а попладнево со победа над Ленс ќе му избегаат на шест бода на Монако. ПСЖ е во серија од три победи по ред против денешниот ривал и тоа секогаш без поголеми проблеми. Шампионот на Франција победуваше двапати по 3-1 на домашен терен и еднаш 0-2 на гости.
Предлог тип: 1 & 0-29min (1.98)