Договорот на Ал-Хилал и Нејмар истекува во јуни следната година, постоиа опција дека тој може да биде продолжен за уште една сезона, но до моментов нема никаква најава за такво нешто. Бразилецот една година беше надвор од фудбалските терени после тешката повреда на коленото која ја доби на меч за репрезентацијата, а Ал-Хилал и без него дојде до титулата во Саудиска Арабија.
Нејмар во својата кариера освен за Ал-Хилал, настапуваше и за Сантош, кој е негов матичен клуб, како и за Барселона и ПСЖ. Многупати изјавил дека најголемата желба му е да се врати во Сантош и таму да ја заврши кариерата, а со оглед на тоа дека на пролет веќе ќе има 33 години, ваквата опција е се поизвесна.
„Нејмар би можел да дојде во Сантош во јуни. Ова е тема на која се разговара. Нејмар ќе се врати во Сантош.“ – најави потпретседателот на бразилскиот клуб, Освалдо Нико.
Додека беше повреден, Нејмар трипати беше да гледа меч на Сантош, а навивачите и раководството на клубот со нетрпение го очекуваат неговото враќање дома.