Фудбалската репрезентација на Тринидад и Тобаго сензационално обезбеди пласман на Светското првенство во 2006-тата година во Германија. Дел од таа славна генерација на малата карипска држава беше и легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк.
Токму Јорк сега е именуван за нов селектор на Тринидад и Тобаго, иако нема посериозно тренерско искуство. 52-годишниот тренер во кариерата го водеше само австралискиот клуб Мекартур и тоа во периодот од јули 2022-рата до јануари 2023-тата година.
Целта за Двајт Јорк сега се квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026-тата година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, селекции кои не учествуваат во квалификациите, па патот до Мундијалот им е олеснет на останатите репрезентации.
Сепак, остави траен белег со игрите во Премиер лигата, каде освен за „црвените ѓаволи“, играше и за Астон вила, Блекбурн, Бирминген и Сандерленд, а една сезона беше дел и од Сиднеј.