Финишот на средбата помеѓу Флуминенсе и Гремио од бразилската Серија А донесе скандал во режија на легендарниот лев бек Марсело и тренерот Мано Менезес.
Флу водеше со 2-1 и Менезес сакаше во финишот на терен да го стави Марсело. Бекот се налути, и наводно му рекол на својот тренер: „Не ме допирај, не зборувај веќе со мене!“
Менезес се налути, го турна Марсело и го врати на клупа. Тренерот не сакаше да откри што му кажал Марсело, само откри дека фудбалерот му кажал „нешто“ што не му се допаднало и го премислило, па се откажал од идејата да го стави во игра.
Да биде белјата поголема за тимот од Рио де Жанеиро, не успеаја да победат, Гремио израмни од пенал во 99-та минута.