Шелбурн е нов првак на Република Ирска, а својата 14-та титула во историјата, прва по пауза од 18 години, ја освои на драматичен начин.
На Шелбурн во последното коло му требаше победа на гостувањето кај Дери сити, а со реми или пораз, титулата ќе заминеше кај Шамрок роверс кој освои три бода и чекаше кикс на Шелбурн. Екипата чиј тренер е ирската легенда Демиен Даф, долго се мачеше, а Хари Вуд во 85-та минута добро се снајде во една мешаница и даде гол вреден титула, за огромна радост.