Интер ќе нема проблем, има меч на кој традицијата вели дека ќе заврши 2:2

1709 Нант – Олимпик Марсеј (20:45 ч.)

Олимпик претрпе тежок пораз од ПСЖ во претходното коло, но сега треба да се рехабилитира, иако игра на гости. Нант е во лоша серија и шест меча е без победа (три порази и три реми).

Тимот од Марсеј има шест победи и две нерешени во последните осум пресметки со Нант, а карактеристично е дека најчесто има два или повеќе погодоци.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.90)

 

3007 Интер – Венеција (20:45 ч.)

Интер ќе атакува на титулата, а за Венеција ќе биде успех ако не испадне. Последен пат овие два тима играа пред три сезони, кога Интер два пати славеше. Нераѕурите и сега се големи фаворити за трите бода и треба уште во првиот дел да ги решат сите дилеми.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)

 

1809 Борусија М. – Вердер Бремен (17:30 ч.)

Меч со кој ќе се комплетира деветото коло во Бундеслигата. Борусија има 10, а Вердер 12 бодови. Тимот од Менхенгладбах во последните четири кола игра со ГГ3+, а и Вердер е состав кој игра без многу калкулации, па не треба да фалат погодоци.

Последните три меѓусебни бундеслигашки пресметки завршиле со ист резултат, а тоа е 2:2. Да продолжи оваа традиција и пак да биде 2:2 се вреднува со квота од 11.8.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1308 Севилја – Реал Сосиедад (18:30 ч.)

Две екипи од кои сме навикнати да гледаме добри резултати и да бидат во горниот дел од табелата, но сега не е така. Севилја е на 11 место со 15 бодови, а Сосиедад е со само 12 бодови.

Нападот е проблем за двата тима. Севилја има само 12 погодоци од 11 средби, а Сосиедад постигна едвај осум погодоци. Во последните 13 меѓусебни дуели Севилја има само два порази од овој ривал.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.88)

 

1958 Трабзонспор – Фенербахче (17 ч.)

Трабзонспор е експерт за нерешени дуели и има шест реми во девет кола. На седум од тие девет дуели на Трабзон немало повеќе од два погодоци. Фенербахче сезонава најави борба за титулата, но сега има осум бода помалку од лидерот Галатасарај, па освојување на трите бода се императив за тимот предводен од Жозе Мурињо.

Во последните 10 меѓусебни дуели Трабзонспор има пет победи, Фенербахче се радувал четири пати, а еднаш било нерешено.

Предлог тип: Х2&-1-3 (2.06)

 

- Оглас -

Најнови вести