Вкупно осум од понудените 13 мечеви за ова коло на Спортска прогноза се играа вчера, а за денеска остануваат уште пет дуели да се комплетира 9. коло. Возбудувањата ќе започнат во 15 часот кога ќе играат Торино и Фиорентина. Според прогнозерите, Торино речиси и да нема шанса за победа, а по зареми и „двојка“ процентите се израмнети, по 44 отсто.
Во Франција ќе играат Оксер и Рен, а и тука повеќе му веруваат на гостинскиот тим, па 63 отсто чекаат Рен да се радува. Во Премиер лигата ќе има дерби на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Челзи. Во победа на Црвените ѓаволи веруваат 41 отсто, а за „двојка“ се 31 отсто.
Најсигурен „кец“ е на Борусија Менхенгладбах, кој на свој терен е домаќин на Вердер Бремен. Безмалку 50 отсто чекаат Севилја да победи против Сосиедад, каде „двојката“ е само со 12 отсто.
Според типувањата на преку 2.000 прогнозери, виртуелниот составен тикет е со еден двознак, една двојка и три „кеца“ и носи вкупен коефицинет од 48.
3005 Торино – Фиорентина Х2 1.31
1707 Оксер – Рен 2 2.13
1009 Манчестер ј. Челзи 1 2.60
1809 Борусија М. – Вердер Бремен 1 2.14
1308 Севилја – Реал Сосиедад 1 3.10
——————————————————————
Вкупен коефицинет: 48.12