Денеска се игра лигашки дуел на двете екипи кои географски се најодалечени една од друга во светскиот фудбал

Неколку стотици фудбалски натпревари ќе се играат денеска низ целиот свет, но еден меч од руското првенство е посебен. Се работи за дуелот меѓу домаќинот Балтика и СКА од Кхабаровск во втората лига на рускиот фудбал.

Овој меч не би бил ништо посебен, ако не се знае колкава одалеченост има меѓу двете екипи. Се работи за натпревар на двете географски најодалечени лигашки ривали во светот на фудбалот.

Русија е земја која се протега на 17 милиони квадратни километри, а во крајното место на Истокот, до крајното место на Западот има околу 9.000 километри. Кхабаровск сепак не е толку далеку, но фактот дека се наоѓа на само 30-тина километри од границата на Кина и околу 800 километри од Владивосток доволно зборува колку е далеку овој град од Европа.

Екипата на СКА денеска гостува Калининград, па мораше да патува 7.019 километри. За да стигнат фудбалерите на СКА на денешното гостување против Балтика со авион патуваа 12 и пол часа со прелет од Москва. За оние кои се навикнати да патуваат со автомобил, од едниот до другиот град има точно 9.575 километри пат, па за да се стигне би биле потребни повеќе од пет дена возење.

Балтика е фаворит за победа не само поради фактот дека игра на домашен терен, туку бидејќи овој тим моментално е на второто место на табелата со 30 бодови, додека СКА е на 11 место со 21 бодови досега.

- Оглас -

Најнови вести