Бањаја победи и најави драма за титулата, тежок инцидент ја одбележа трката во Малезија (Видео)

Франческо Бањаја победи на тркта во Малезија на која се случи еден тежок инцидент. Уште во првиот круг од трката на патеката „Сепанг“ се случи судар во кој учествуваа неколку возачи, а најлошо помина Џек Милер.

Австралијанскиот возач изгуби контрола врз моторот и се удри во Фабио Квартераро, а во инцидентот беше вмешан и Бред Биндер. Веднаш по инцидентот трката беше прекината, а на стазата влезе и амбулантното возило за да му укаже прва помош на повредениот Милер.

Од спортскиот аспект, победата на Бањаја значи дека на последната трка во Барселона ќе се води жестока борба за титулата. Моментално Жорге Мартин е прв со 485 поени, а Бањаја е втор со 461 поени.

- Оглас -

Најнови вести