Норис најдобро се снајде во хаосот на Интерлагос и ќе стартува од пол-позицијата

Вистински хаос се случуваше на квалификациите за ГН на Бразил, која попладнево ќе се вози на легендарната патека Интерлагос. Квалификациите кои требаше да се одржат вчера беа одложени за утринава поради дожд, но и денес времето не беше ништо подобро, па на патеката се случуваше вистински хаос.

Дури петпати квалификациите беа прекинувани со „црвено знаме“ поради инциденти и излетување, што претставува рекорд, бидејќи до сега рекордот беше четири прекини на квалификациите во Азербејџан.

Во овој хаос најдобро се снајде Ландо Норис, кој на попладневната трка ќе стартува од пол-позицијата. Веднаш до него на стартот ќе биде Џорџ Расел, а од третата позиција ќе стартува Цунода. Од четвртата до десеттата позиција се пласираа Окон, Лоусон, Леклер, Албон, Пјастри, Алонсо и Строл.

https://twitter.com/F1/status/1853047871156736254

Најголемо изненадување претставува слабиот пласман на Макс Ферстапен кој ќе стартува од 12-тата позиција, со оглед на тоа дека успеа да ја мине втората рунда од квалификациите.

Трката за ГН на Бразил се вози денес во 16:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести